ИСКУСТВА НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ
Ненад Божовиќ
Рекреативно се бавев со трчање речиси две години, во првиот период како резултат на трчањето  и припазувањето со храна намалив речиси 20 кг. Но веројатно како и секое човечко битие се стремам за подобри резултати и поубаво тело. Горниот дел од телото по слабеењето ми остана млитав и незатегнат. Посакав да бидам и побрз во трчањето. 
Со вежбите во Максифитм и ЕМС тренинзите после само еден месец успеав да го подобрам личното најдобро време за истрчан полумаратон за цели 5 минути, за многу кратко почнав да го искачувам врвот на Водно со за мене неверојатна брзина до тогаш, под 50 минути. Мускулите на гориниот дел од телото ми ојачаа, што исто така резултираше со одлични резултати во пливањето.
По 3 месеци вежбање резултирав со симнати дополнителни 7 килограми и намален обем на тело, но и зголемена мускула маса, трчањето ми е уште полесно, а моите апетити се зголемени и за настап на Триатлонска трка. 
Максифитм ЕМС тренинзите ги препорачувам на сите. Резултатите се видливи многу брзо, тренерите се одлични и обучени и постепено ќе ве воведат во врвна форма.

5 месеци, 2 лични најдобри резултати 
Келн, Полумаратон 1:55:15 - Истанбул, Полумаратон 1:53:05
Напорна работа во Maxifitм Скопје. Обука потпомогната со Innline уредите за електро-мускулна стимулација.
Благодарност до мојот ЕМС тренер Дарко Андреевски

Александар Митревски
Скоро пола година ги користам усугите на MaxifitM. Сакам топло да го препорачам на сите кои сакаат да водат здрав и спортски живот. Персоналот е професионално обучен и е на ниво на својата работа. Просторот е климатизиран и идеален за спортски активност. Добивате секојдневни совети за исхраната и начинот како да изгубите килограм повеќе ако Вие потребно или да го затегнете Вашето тело пред престојните годишни одморид престојните годишни одмори

Борис Билбилов
Кога невозможното станува реалност♥️
-15кг. намален обем 2 конфекциски броја, задоволство, среќа и насмевка на лицето на мојот син. За 2 месеци го постигнавте речиси невозможното. Професионалци во вистинска смисла на зборот.
Големо благодарам од срце ♥️♥️♥️
Топло ви го препорачувам на сите !