Најчесто поставувани прашања
Каков е начинот на вежбање?
Нашите тренинзи се базирани на ЕМС (електро-мускулна стимулација) и индивидуално се изведуваат со помош на персонален тренер, а со тоа не издвојува од другите видови на тренинзи. Тренинзите се кратки и траат 20 минути, а доволно Ви се два тренинга неделно за да за најмалку месец дена имате видливи резултати кои се манифестираат со губење на масни наслаги, тонус и оформување на мускулите, корекција на ставот и држењето на грбот, намалување на целулитот, а т.н. Maxifitm тренери се сертифицирани стручни лица кои ќе ви помогнат да на најдобар начин ги досегнете Вашите фитнес цели.
Дали тренирањето со електро-стимулација е опасно?
Не. На тренинзите или терапиите се користи ниска фрекфенција на електрични импулси кои не се опасни. Зошто? Нашите мускули работат без престан. За време на овој процес ситните електрични импулси кои ги испраќа мозокот го иницираат секое движење. Значи, тренингот со електро-мускулна стимулација само го зголемува бројот на овие импулси кои го иницираат движењето и имитираат природни сигнали од мозорот. На тој начин телото ги прифаќа импулсите потполно природно.
Дали можам истовремено да вежбам со уште некого?
Секако, дури ќе добиете и 10% попуст за тренинг во пар.
Колкава е минималната возраст за вежбање?
ЕМС тренинзите не се препорачливи за помлади од 18 годишна возраст.
Дали постојат контраиндикции?
Што се однесува до контраиндикциите, постојат одредени случаи кога за да вежбате потребна Ви е согласност од Вашиот доктор. За жал ЕМС тренингот не се препорачува за лица со пејсмејкер, дијабетис, проблеми со срцето и притисокот. Доколу сакате да го добиете комплетниот список, можете да не контактирате по телефон или да дојдете лично во нашето студио.
Колку време е потребно до првите резултати?
За време на нашите тренинзи целета мускулатура Ви е активна и во комбинација со 1 на 1 тренингот со личен тренер, резултатите се видливи по месец дена вежбање, а тоа го прави ваквиот начин на вежбање поефикасен и побезбеден за вашите мускули и зглобови.
Дали смеам да тренирам кај вас доколу имам повреда?
Секако, само треба да им кажете на тренерите за каков вид на повреда се работи за да направат план за Вашите вежби. Овој вид на тренинг, всушност е идеален за опоравување после повреда бидејќи не врши притисок на зглобовите!
Што сѐ е опфатено со цената на пакетот?
Во цената на пакетот вклучени се комплетната опрема потребна за вежбање, услугите од персонален тренер, план за исхрана и средства за хигиена.
Колку пати неделно може да вежбам?
Нашата понуда опфаќа различни пакети, па може да се избере еднаш, двапати и трипати неделно. За одржување на формада доболно е да се доаѓа еднаш неделно. За обликување на телото двапати, а за професионални резултати можете да доаѓате и трипати неделно.
Какви се тренерите?
Сите наши тренери се сертифицирани во соработака со ЕМС тренерскиот институт, а имаат и завршено образование од областа на физичкото образование, спорт и здравје.
Што се треба да се понесе за тренингот?
Само добро расположение и желба, сета опрема ја добивате кај нас.
ПРАШАЈТЕ НЀ
Дали имате некое прашање поврзано со ЕМС тренингот? Тука сме за Вас за да Ви одовориме!
Име*
Е-пошта:*
Телефон:*
Вашата порака*
*