Како да го спречите јо-јо ефектот: диети и ризиците по здравјето

Донесовте одлука дека конечно е време за промени – да ослабете. Го пребарувате интернетот и ја пронаоѓате најновата диета која им помогнала на многу познати личности телото да си го доведат до перфекција. Брзи резултати за само месец дена до тело од соништата. Ја средувате исхраната, ги бирате само назначените намирници и не јадете после шест. Кога...

Дознајте повеќе

Кога првпат ќе почнеме со диета мотивирани сме да издржиме до крај. Почнуваме да ги гледаме резултатите и се чуствуваме возбудено поради нашиот нов изглед. Килограмите постепено исчезнуваат, но наидуваме и на првите препреки. Може ќе почнеме да се чуствуваме уморно, депресивно или неспособни да уживаме во дружењата каде богато се јаде и пие. Се што е потребно е еден момент да го прекршиме зацртаниот план за исхрана. Набрзо го фрламе целиот напор, изгубените килограми се враќаат и повторно се враќаме на старите навики. Не се ниту ретки ситуациите кога по прекинувањето на диетата добиеме и дополнителни килограми. Оваа појава се нарекува јо-јо ефект и е многу честа ситуација по прекинувањето со одреден режим на исхрана.


Зошто доаѓа до јо-јо ефектот?

Секоја нова диета не прави ништо за долгорочно да се ослободиме од старите навики и избори. Разните “холивудски диети“, генеричките планови за исхрана и диетски производи можат да ни помогнат да изгубиме одреден број на килограми. Но тие не не учат како да ја одржиме моменталната тежина. Не не поттикнуваат да се запрашаме поради што имаме проблем. Затоа држењето на диетата која не можете да ја следите на долг рок доведува до јо-јо ефект.


Подобар начин за губење килограми – бавно, индивидуално и оддржливо

Најуспешниот стил на диета е бавен и индивидуален. Пробајте да ги идентификувате лошите навики. За да го спречите јо-јо ефектот и враќањето на старото морате да најдете начин да јадете со калориски дефицит кој е здрав и одржлив. Немојте да си браните јадење или да создавате црно бел однос кон намирниците. Намирниците нека бидат разновидни и здрави во ограничени порции. Креирајте си сами план за исхрана кој можете на долг рок да го вклопите во Вашиот живот.


Како диетата со јо-јо ефект влијае на вашето здравје?

Диетата која доведува до јо-јо ефект честопати е многу ограничувачка и нискокалорична. Може многу лесно да се случи покрај маснотиите да ја изгубите и мускулната маса. Екстремниот режим на исхрана може да доведе до хормонски дизбаланс кој влијае на спиењето, расположението и постепено навлегување во депресија. Тоа може да биде вовед во еден навистина озбилен проблем. Многу стручни лица сметаат дека секое повторување на диетата завршува со се потежок јо-јо ефект и дополнителни килограми, иако нема доволно испитани докази дека јо-јо ефектот ја зголемува телесната маст. Губењето и враќањето на килограми може да го зголеми ризикот за одредени здравствени проблеми. Според истражувањата во New England Journal of Medicine јо-јо ефектот кај луѓето кои имаат предиспозиции за срцеви болести го дуплира ризикот од срцев удар, мозочен удар или смрт. Последиците вклучуваат висок крвен притисок, болести на жолчката и висок холестерол. Според една студија јо-јо ефектот влијае на работата на цревата предизвикувајќи пореметување на здравата рамнотежа на цревната флора. Обично стомакот е дом за 100 трилиони микробни ќелии кои вријаат на се, од метаболизмот до имунитетот. Но кога нивоата и разновидноста на бактериите се пореметени, резултатите се гастроинтестинални проблеми како што се инфламаторната болест на цревата и дебелеењето. Иако за последиците од јо-јо ефектот и понатаму се истражува болестите поврзани со дебелеењето се добро познати. Тие вклучуваат:
  • ​Висок крвен притисок
  • Срцеви болести
  • Дијабетис тип 2
  • Одредени видови рак
  • Артритис
  • Болести на жолчката и јетрата
Без разлика дали сте маж или жена, коефициентот на телесните масти и местото на масните наслаги како и фамилијарната историја на болести играат улога во одредувањето на ризикот од заболувањето. Меѓутоа, стручните лица се согласуваат дека кај возрасните лица кои имаат прекумерна тежина и скромното губење на килограми од 10% од вкупната телесна тежина во период од шест месеци или повеќе може да го подобри здравјето.


Слабејте мудро комбинирајќи исхрана и вежбање

Ако сакате да изгубите килограми тогаш бидете подготвени да се посветите на промената на однесувањето со исхраната и физичката активност. Сконцентрирајте се на прифаќањето на здравите навики со внимателно планирање на оброците кои не вклучуваат гладување и екстремни диети. Вежбањето нека ви биде навика која ќе Ве мотивира да истраете во своите цели. Maxifit XBody ЕМС тренингот може да биде вистински избор за одржување на совршена линија бидејќи поради динамичната природа на тренингот секогаш ќе Ве држи мотивирани. Со помош на персонален тренер, кој ќе Ве води низ тренингот, со само 20 минути вежбање ќе го активирате целото тело. Нашиот XBody ЕМС тренинг комбиниран со избалансирана и здрава исхрана, без страв од враќање на килограмите и јо-јо ефект ќе донесе долгорочни резултати во одржувањето на идеалната тежина.


Во пакетите за вежбање вклучен е и план за здрав исхрана

Слабеењето и обликувањето на телото треба да бидат интересни и не треба да претпоставуваат товар. Диетата всушност треба да биде само здрава и избалансирана исхрана која на телото му овозможува совршена комбинација на состојки за секој ден. Затоа во соработака со стручни лица во областа на нутриционизмот осмисливме планови за исхрана за секој наш клиент, со помош на кои ќе слабеете без гладување и загрозување на сопственото здравје. Повеќе за ова можете да дознаете од нашите тренери.

Имате билокакво прашање во врска со јо-јо ефектот, здравото и одржливо слабеење и тренинзите? Можете да не исконтактирате и бесплатно да ги прашате нашите тренери се она што ве интересира.