Болка во рамото – причини, вежби во комбинација со ЕМС тренинг

Болката во рамето може да влијае на секој дел од вашиот живот – при облекувањето, носењето торба или при возењето автомобил. Причините за болка во рамето можат да бидат различни, а лекувањето понекогаш многу долго и напорно. Вежбањето е клучна активност за обновување на движењето на рамото и отстранување на болка после повреда. Ова може да биде многу корисно ако боледувате од синдромот “замрзнато рамо“ или артритис.
 

Што предизвикува болката во рамото?

Болката во рамо е вообичаена состојба. Според истражувањата, дури 67% од луѓето во некој период од животот чуствува нелагодна болка во рамото. Како еден од најдвижечките зглобови од телото, рамото е сложена структура составена од коски, мускули, тетиви и лигаменти. Сите елементи работат заедно за да овозможат рамото слободно да се движи во сите правци. За жал оваа мобилност предизвикува тежина за стабилноста, а со тоа рамото подлежи на повреди.

Првиот чекор кон излекувањето е дијагнозата на повредата и причините за болката. Посетата на специјалист ќе опфати физички преглед со можности за ренген, МРИ или ултразвук, по што се дефинира терапијата и лекувањето. Следат неколку причини за болки во рамото.
  1. Повреда на ротаторната манжетна на рамото Дури две третини од луѓето со болки во рамото имале проблеми со ротаторната манжетна. Повторувањето на исти движења доведува до воспаление т.н. тендонитис кое предизвикува болки во рамото. На почетокот болката е блага и се приметува само кога се поместува рамото, но по некое време може да биде доста озбилна и постојано да се повторува.
  2. Замрзнато рамо Луѓето со „замрзнато рамо“ не можат да го движат рамото како што тоа вообичаено го прават. Медицински тоа е познато како adhezivni kapsulitis, замрзнатото рамо се јавува кога сврзувачкото ткиво на рамото има воспаление. Причината зошто ова се случува не е доволно позната, ниту е познато зошто жените во понапредни години се склони кон овој проблем. Постојат истражувања дека кај 20% од луѓето со дијабетис се појавува замрзнато рамо, а лицата кои имаат проблеми со штитната жлезда или Паркинсовата болест исто така можат да бидат подлежни на овој вид на болки во рамото.
  3. Бурзитис на рамо Бурзитисот на рамо е заболување кое често се јавува кај спортисти кои се занимаваат со тенис, скијање, голф или атлетски дисциплини каде рамото повеќе се ангажира. Со честите повторувања на одредени движења, телото реагира така што носи во делот на рамото повеќе течности кои се викаат бурза. Наталожената течност создава оток, а тоа предизвикува притисок на околните структури и предизвикува развој на болка, воспаленија и намалување на опсегот на движења. Болката типично се јавува на надворешниот дел од рамото и станува поинтензивна кога ја движите раката над глава.
  4. Остеоартритис Понекогаш го нарекуваат дегенеративна болест на зглобовите. Остеоартритисот е една од најчестите болести на светот. До оваа состојба се доаѓа кога заштитната рскавица на зглобовите со текот на времето се потроши. Остеоартритисот е карактеристичен за луѓето во доцните години на животот. Како што со текот на времето се троши рскавицата така во рамото се јавува болка и оток кои можат да ги ограничат движењата. На пример, може да стане многу тешко да се крене раката до повисоките полици. Бројот на заболени секоја година се зголемува, а всушност оваа болест е на врвот на причините за инвалидитет.


Со активно вежбање можете да ја спречите и излекувате болката во рамето

Maxifit ЕМС тренингот со електро-мускулна стимулација со XBody уредот како последна иновација во светот на фитнесот, се покажа како исклучително делотворен кога е во прашање лечењето на болката во рамото. Примената на ЕМС технологијата на природен и неагресивен начин ги стимулира мускулите на рамењата, правејќи на тој начин рамото да зајакне, а болката трајно да се елиминира. Во Maxifit студиото Ви се дава можност со помош на асистенција од личен тренер да ги зајакнете мускулите на рамењата и да се опоравите после повреда. Зајакнувањето на мускулите со примена на ЕМС значи и намалување на болката и враќање на потполната мобилност на рамењата. Личниот тренер ќе ги прилагоди вежбите кон Вашите потреби, па така проблемот со рамото ќе биде решен на најдобар можен начин.

На следната снимка можете да видите некои од вежбите кои ги правиме со клиентите кои имаат проблеми со болки во рамото. Личниот тренер работи 1 на 1 со Вас, прави вежби прилагодени на Вашето тело и го следи прогресот. За овој тип на проблеми, како би осетиле олеснување доволно е на тренинг да дојдете еднаш неделно.


Како помага електро-мускулната стимулација?

За голем број луѓе идејата да стават електроди на своето тело на прв поглед делува заплашувачки. Меѓутоа оваа врста на терапија наречена електро-мускулна стимулација или ЕМС потполно е безбедна и ефикасна.

Електро-мускулна стимулација или ЕМС претставува предизвикување на контракции на мускулите со помос на електро импулси. ЕМС последните години активно се користи во физиотерапијата. За време на терапијата се користат најсовремени уреди кои со своето дејствување влијаат на јакнењето на мускулите. Студиите покажуваат дека нискофрекфентната електрична стимулација го поттикнува мозокот да произведува ендорфин и енкефалин помагајќи во ублажувањето на болките во рамото на природен начин. Во Maxifit студиото Ви се дава можност, со асистенција на обучени тренери, на безбеден начин се ослободите од болката и го вратите нормалното функционирање на рамото. Со активно вежбање со ЕМС ќе ги имате следните придобивки:
  • Враќање на силата на ослабените мускули
  • Намалување на мускулните грчеви
  • Зголемување на отпорот и издржливоста на мускулите на рамото
  • Ослободување од пострауматската акутна болка
  • Спречување на создавање на згрутчување на крвта по операција
  • Одржување и зголемување на опсегот на движењето
Во студиото користиме ЕМС уреди од последната генерација на XBody кои се повеќекратно наградувани на светските саеми. Повеќе за XBody утедите можете да прочитате тука.


Како ЕМС XBody тренингот им помогна на нашите клиенти

Приказната на Нела Цорлиќ која веќе 10 години се бори со остеоартритис доказ е за делотворноста на ЕМС тренингот. Остеоартритисот како многу упорно заболување, ги спречувало сите нејзини физички активности, а некогаш од болки не можела ниту нормално да се движи. По помалку од 2 месеца со ЕМС тренинг во Maxifit студиото Нела повторно без болки трча и вози велосипед. Сето она што со години не можела ниту да го замисли.