Подготви го телото за на плажа – еве како!

Деновите се кратки, времето не е најдобро, а вашата желба да почнете да вежбате го достигна најниското ниво. Да, дефинитивно сте во зимски сон. “Летните тела изградени во зимскиот период“ се досадна фитнес мантра која има многу вистина. Затоа почетокот на годината е идеално време за будење и создавање здрави навики.

Мотивацијата е она што во почетокот им недостасува на сите почетници. Долгите, исцрпувачки тренинзи и нефокусираното вежбање доведуваат до неостварување на било какви резултати. Меѓутоа целиот процес не завршува со заминувањето од тренингот. Здравата и избалансирана исхрана клуч е кон секоја цел кон тело кое остава без здив. Добриот сон е важен за опоравување и дополнување на енергијата. И елиминацијата на стресот, доколку тоа е можно во денешно време каде постојано сме притиснати од обврските и притисоците од работата со која се занимавама. Со ситни чекори ослободете се од се што Ве спречува и почнете со подготовна на своето тело за на плажа.


Поставете си амбициозна цел со едноставни први чекори

Одредете ги целите. Тие треба да бидат временски фокусирани и специфични. Треба да бидат мерливи и амбициозни и секогаш да се обидувате да бидете подобри од тоа што сте биле вчера. Најважно, на вашата цел и е потребен лесен и едноставен чекор. Тоа може да биде исто така едноставно како подесувањето на алармот за будење и доручекот или едноставно одењето на работа.


Поважно од целта – дознајте зошто сакате да се промените

Пред да влезете во најблиската продавница за здрава храна запрашајте се – кој е емотивниот активатор кој Ве натерал на тоа. Зошто убаво тело за на плажа? Затоа што сакате да бидете во форма или да облечете нов костим за капење? Дали е тоа затоа што сакате да бидете пример за своите деца? Мака ви е од чуството на летаргија и депресија? Што и да е причината, таа нека ви биде мотиватор.


Кажете им НЕ на неефикасните и досадни тренинзи

Откажете се од долгите и неорганизирани тренинзи кои бавно даваат резултати. Оваа година пружете си го најсовремениот ЕМС тренинг на денешницата. За 20 минути Вашето тело ќе се активира како никогаш до сега и ќе го дочека летото. За време на Maxifit XBody ЕМС тренингот ќе потрошите 500 kcal, во следните 4-6 часа до 1200 kcal, а во следните 48 часа и до 4000 kcal. Со обичниот тренинг обично се троши околу 400 kcal, без ефективно трошење во часовите по тренингот. За време на Maxifit тренингот со вас работи персонален тренер 1 на 1, го следи Вашиот напредок и Ве советува околу исхраната. Така редултатите се неизбежни.


Превземете одговорност за вашата исхрана

Бидете свој тренер во кујната. Најголема грешка на сите што вежбаат е тоа што мислат дека е доволно да извежбаат и дека резултатите сами по себе ќе си дојдат. Меѓутоа, во пракса работите се поинакви. Исхраната е барем 50% од процесот на слабеење и обликување на телото. Нередовните и нездравите оброци ќе влијаат негативно на Вашиот напредок и можат да го поништат целиот напорен тренинг. Многу е важно никако да не ги избегавате оброците бидејќи кога внесувате премалу калории организмот има чуство дека гладува и токму тогаш задржува се во себе. Научете се оброците да ги приготвувате однапред - малите, но почести порции ќе Ве држат сити во текот на целиот ден. Исфрлете го од исхраната она што не му одговара на телото, како премногу шеќер, обработени производи кои се преполни со штетни материи и нездрави масти. Хидратацијата е клучна за нормалното функционирање на организнот, како за време на тренингот, така и по него.


Бидете трпеливи со физичката трансформација

Не е невообичаено да почнете со нова програма и физичките промени да се видат во првите две недели. Уверете се во својот напредок така што ќе си направите фографија пред почетокот на првиот тренинг. Овие фотографии се моќен мотиватор кога ќе помислите дека промените се успоруваат. Нека топлото лето и затегнатото тело во костим за капење Ви бидат главна мотивација. XBODY тренингот многу брзо дава видливи резултати. Ќе почуствувате промена во кондицијата, издржливоста и затегнатост на мускулите. Како со текот на времето напредувате, така тренингот се прилагодува со поинтензивни вежби. И сето тоа за само 20 минути ефективно вежбање.


Ова лето е Ваше, блеснете во полн сјај

Започнете ја седмицата со создавање на нови навики. Основен двигател нека Ви биде чуството кога вежбате. Оноа кое прави да се чуствувате добро, задоволни од самите себе и горди на својот труд. Верувајте дека физичката активност е добра за вас, дека по тренингот Вашата борба не престанува. Одберете го Maxifit студиото во кое ќе имате можност за најсовремен ЕМС тренинг, кој митот за совршено тело за кусо време го претворува во реалност.