5 причини зошто цената на Maxifitm EMS тренингот е повисока од онаа за обичниот тренинг

За само неколку години ЕМС тренингот стана синоним за тренинг на иднината. Светските звезди одамна ги откриле неговите предности. Во Македонија ЕМС тренингот е достапен во Maxifitm студиото во Скопје. Дали сте некој кој е заинтересиран или едноставно се прашува „колку тоа ќе ме чини?“, или веќе сте запознати, но Ви се потребни причини за да одвоите пари и уште овој месец да почнете со ЕМС тренингот.


1. Затоа што вложуваме во најквалитетните ЕМС уреди и опрема

Нашите клиенти го заслужуваат само најдоброто, затоа ги следиме случувањата во ЕМС светот и бираме да соработуваме само со производителите на најквалитетна опрема за тренинг со електо мускулна стимулација. Кога ќе се одлучите за Innline тренинг во Maxifitm студиото ќе имате можност да тренирате на оригинални Innline уреди од последната генерација и опрема кои чинат и преку 15.000 евра, а честопати и повеќе, вклучувајќи ги сите додатоци за безжично тренирање. Сите уреди редовно се ажурираат, проверуваат и тестираат за да се одржи квалитетен тренинг.


2. Затоа што најмногу вложуваме во едукација и усовршување на нашите тренери, а истите се сертифицирани за работа со ЕМС технологијата

Постојат такви кои мислат дека едукацијата и усовршувањето се нешто што се прави само еднаш. Веруваме дека за најдобрата услуга мораме максимално да вложуваме во нашите тренери бидејќи тие се дирекно одговорни за работата со вас. Вие мора да имате потполна доверба дека личноста со која тренирате е квалификувана да ја врши оваа работа. Нашите тренери редовно поминуваат низ сертификацијата. На неколку месеци организираме едукација на тема подобрување и трендови во фитнесот, нутрионизмот и работата со ЕМС технологијата.


3. Затоа што вежбате со личен тренер, што значи дека не можеме да тренираме голем број на клиенти истовремено и со тоа да ја намалиме цената

ЕМС тренинзите во Maxifitm траат 20 минути, но освен тоа, време одзема подготовката на тренингот, масажата и средување на просторот по тренингот. За да Вие не го осетите притисокот и брзањето, за секој тренинг одвојуваме 45 минути. Освен тоа со еден клиент работи еден тренер што занчи постои ограничување колку клиенти можеме да примиме во текот на еден работен ден. Затоа не можеме да голем број на клиенти во еден термин за да ја намалиме цената.

Но не грижете се, доколу сакате да тренирате со партнерот, другарката, мајката или со некоја друга личност, на месечните пакети Ви нудиме попуст од 10%!


4. Затоа што доста вложуваме во локацијата и изгледот на просторот

Студиото за тренинг е место во кое треба да се чуствуате опуштено. Maxifitm студиото е модерно опремен простор на атрактивна локација во Скопје. Наемот и одржувањето на таквиот простор има своја цена. Исто така секое студио мора квалитетно да се уреди и опреми со реквизити за тренинг, а ние секогаш го одбираме она најдоброто.


5. Затоа што во цената на пакетите за максимални резултати вклучуваме и индивидуален план за тренинг, како и план за исхрана

Кога ќе станете клиент на Maxifitm студиото, се запознаваме со Вашата моментална кондиција и здравствена состојба, по што добивате план за исхрана, а тренерот го прави планот за Вашиот индивидуален тренинг. Личните тренери секогаш се достапни за дополнителни совети и консултации. Вашите постигнати резултати и формата се следат по секој тренинг за да се запознаете со постигнатото и да бидете дополнително мотивирани за остварување на целта.

Maxifitm никогаш нема да прават компромис со квалитетот за намалување на цената на месечните пакети за 1000 или 2000 динари. Мислиме дека не вреди да се ризикува да се работи со лоши тренери, на стари уреди и опрема и без сите придобивки кои се остваруваат со вложување во едно модерно ЕМС студио. Кога тренирате – одберете ја вистинската работа!